На 1 март (петок) со почеток од 21:30 часот во Младинскиот културен центар, Бернајс Пропаганда ќе го промовира својот 3 студиски албум, чиј наслов е "Забранета Планета". Изданието официјално излезе на 26 февруари и можете да го имате на винил, ЦД, а наскоро и на касета. Интересно е што бината за концертов ќе биде поставена на средината на денсинг-салата на МКЦ, а воедно претставува и почеток на нивната 70-дневна европска турнеја. Бендот постои 6 години, а она што тие го прават е мошне прифатено од домашната, но и публиката ширум Европа, за што говори и посетеноста на нивните настапи.
Битолските сурф-панкери Molokai, кумановското дуо СИЗ и момците од Culture Development кои се дел од колективот"Направи Заедно", исто така ќе ги видиме утре на сцената.
Битолските сурф-панкери Molokai, кумановското дуо СИЗ и момците од Culture Development кои се дел од колективот"Направи Заедно", исто така ќе ги видиме утре на сцената.
Билетот чини 200, односно 250 денари на денот на концертот.
Преслушај/преземи ја "Забранета Планета" ТУКА !
Преслушај/преземи ја "Забранета Планета" ТУКА !