петок, 22 март 2013

Furion со концертна промоција на Trashing Folks-Revan, Spewn, и Skullcrush гости!

Треш/фолк метал составот Furion на 22 март во клубот "Хавана" со почеток од 20 часот ќе го претстави и концертно првиот студиски албум насловен "Trashing Folks".
Diehard Records, семејството од кое Furion се дел, помогнаа во неговото издавање и организирањето на настанот.
Случувањето ќе биде поддржано од неколку одлични артисти, меѓу кои и  Spewn-doom/ultraviolence дуото од Скопје, на кои ова им е прв настап по промоцијата на „Златни тушеви на лукавиот“. Revan се метал бенд од Кичево кој постои од 2007 година и се очекува нивното прво издание, а по подолг период во Скопје повторно доаѓа битолскиот треш метал бенд Skullcrush. Картата за концертот чини 200 денари.





http://www.facebook.com/FurionMkd
http://www.facebook.com/skullcrushband
http://www.facebook.com/pages/RAVEN/47965510591
http://www.facebook.com/spewnmk

http://www.facebook.com/diehardbooking

петок, 8 март 2013

Последен концерт на All Together Distro!

9 март (Сабота), во клубот "Хавана" All Together Distro  ќе го прослави својот трет, воедно и последен роденден. Ека, Еци и Теа се трите девојки кои  ја оформија оваа непрофитна организација поради идеалот за пријателство,обединетост и почит. По многуте посетени концерти одлучија да стават крај на своето постоење со ова последно случување. На игранката за збогум ќе настапат 6 бендови; Битолското сурф-панк трио  Молокаи, Скопските рап групи Длабока Трага и Raw'n'Wicked, хеви метал бендот Steel Temple, како и Anna O и Remnants од Кочани. Влезот ќе биде отворен во 20 часот, додека пак концертот ќе започне во 20:30. Картата ќе чини 200 денари.

четврток, 28 февруари 2013

Бернајс Пропаганда со концертна промоција на „Забранета Планета“



На 1 март (петок) со почеток од 21:30 часот во Младинскиот културен центар, Бернајс Пропаганда ќе го промовира својот 3 студиски албум, чиј наслов е "Забранета Планета". Изданието официјално излезе на 26 февруари и можете да го имате на винил, ЦД, а наскоро и на касета. Интересно е што бината за концертов ќе биде поставена на средината на денсинг-салата на МКЦ, а воедно претставува и почеток на нивната 70-дневна европска турнеја. Бендот постои 6 години, а она што тие го прават е мошне прифатено од домашната, но и публиката ширум Европа, за што говори и посетеноста на нивните настапи.
Битолските сурф-панкери Molokai, кумановското дуо СИЗ и момците од Culture Development кои се дел од колективот"Направи Заедно",  исто така ќе ги видиме утре на сцената.

Билетот чини 200, односно 250 денари на денот на концертот.



Преслушај/преземи ја "Забранета Планета" ТУКА ! 

недела, 24 февруари 2013

"Queen Of Thieves" - првиот видео запис на Furion

"Thrashing Folks" e деби-албумот на Furion, кој во петокот, на 22 февруари ја дочека својата промоција во МКЦ (бифето на "Фросина"), заедно со првиот видео запис за песната "Queen Of Thieves".
Видеото е снимено во marryPHAT студио, во режија на Ирина Николовска и Стефан Палитов, а за продукцијата се погрижија Симон Кипровски и Богдан Јончевски. Во изработката е вклучен и Иво Павловски, додека пак камерата е на Кристијан Теодоров.Анимацијата е дело на Иво Димитриевски, а целата приказна можете да ја погледнете овде :




понеделник, 11 февруари 2013

"Diehard" Winter Fest!

"Diehard Booking" годината ја започнува на 15 февруари, со организација на хардкор фестивал на кој ќе настапат Redound од Бугарија, The Bridge од Србија и Gears и Smut како домашна поддршка.
Redound се beat down бенд од Софија коj до 2008 постоеше под името Envy. Зад себе имаат 2 албума и еден ЦД сплит.The Bridge се hardcore punk бенд од Белград,кој е оформен  од челнови на  Hitman,Deadrise,Jain и Empty во Јануари 2012. Тие доѓаат да го промовираат своето прво 7 инчно издание наречено No Spirits,No Hearts. Gears се млади момци од Скопје кои го преферираат металкор звукот и моментално работат на својот прв студиски албум.По промоцијата  во октомври Smut ќе ги видиме повторно-овој пат со нов член ќе ја одбележат 17-годишнината од своето постоење.

сабота, 2 февруари 2013

"Hardfaced" со прв, официјален видео запис


Вчера на полскиот веб-магазин за независна музика, Idioteq, хардкор/метал групата Hardfaced го промовираше својот прв официјален видео запис за песната „Running Your Own Shadows“. Во овој спот се прикажани најинтересните моменти од нивната балканска турнеја која се случи во oктомври 2012 година. Околу изработката на видеото се погрижија Пеце Настевски и Горан Велјаноски.


За време на 9-годишното постоење, охридскиот состав зад себе има 2 изданија„More Than Hate“[2007]  и  „Show Them What They Fear“[2011]. Нивниот трет албум е во подготовка и треба да биде презентиран во теков на годинава, додека пак желба на бендот е 10-годишнината од формирањето да ја прослави со европска турнеја.


 
                                                                                                             

недела, 27 јануари 2013

Molokai - „You Surf, We Send Piranhas“ (2012)

Битола нема аеродром, но ги има Молокаи!Овој бенд ги донесе звуците од Пацификот и сурф музиката од 60-тите за да ги искомбинира со хардкор-панк приказната. Нивното прво LP издание "We surf, you send piranhas"посебно ќе им се допадне на вљубениците во комбинацијата  Dick Dale Dead Kennedys. Јас сум искрено премногу задоволен од тоа како овој бенд се движи и како за многу кратко време успеа да допре до голем број луѓе. Зад себе имаат неколку забележителни настапи, а и да не заборавиме дека песната од истоименото издание (You surf, we send piranhas) беше најслушана песна на канал 103 за 2012 година. Како мои омилени од ова издание ќе ги издвојам Gliding Through Sewers, која не само што ќе ви направи морници низ вашето тело, туку и ќе ве одведе низ валканите делови од вашиот град. Attack of the Radiation Crabs, Duck Diving the Tsunami и My Girlfriend Was Kidnapped by Wiki-Tiki се класични сурф нумери преку кои ги чувстувам брановите.
Ова издание е снимено,миксано и мастерирано од страна на Ненад Трифуновски и Дени Крстев во Август 2012 под етикетата на Направи Заедно, додека пак за дизајнот се погрижи Ангела Ризоска.

Преслушај на : http://napravizaedno.bandcamp.com/album/you-surf-we-send-piranhas




(Омовски)

четврток, 10 јануари 2013

Born For Slaughter, Disease, No Doves Fly Here и Obscured By Insanity во "Хавана"

Утре во клубот „Хавана“ со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт на кој настапуваат:

Born For Slaughter (Metal/Crust) - Формирани се во 2011 година и по краток период снимаат материјал кој треба да се најде на нивното прво издание-сплит LP со Silence Means Death.

Disease (Raw D-Beat Punk) - Бенд кој веќе имаше настапи во Струга и Битола, а сега за прв пат во Скопје-ќе го промовира првенчето (ЕР) именувано "...On the Battlefield" . Исто така, работат и на сплит со Dishumanity.

No Doves Fly Here (Melancholic Crust) е млад бенд кој е формиран на почетокот на 2012 година и сме во исчекување на нивно официјално издание.

Obsucered By Insanity (Мetal) e новото име на добро познатите Better Decision, кои после разни промени во својот состав ја најдоа формулата за да се усогласат и да започнат со работа на нов материјал.

Влезот за овој настан чини 150 денари.