четврток, 28 февруари 2013

Бернајс Пропаганда со концертна промоција на „Забранета Планета“



На 1 март (петок) со почеток од 21:30 часот во Младинскиот културен центар, Бернајс Пропаганда ќе го промовира својот 3 студиски албум, чиј наслов е "Забранета Планета". Изданието официјално излезе на 26 февруари и можете да го имате на винил, ЦД, а наскоро и на касета. Интересно е што бината за концертов ќе биде поставена на средината на денсинг-салата на МКЦ, а воедно претставува и почеток на нивната 70-дневна европска турнеја. Бендот постои 6 години, а она што тие го прават е мошне прифатено од домашната, но и публиката ширум Европа, за што говори и посетеноста на нивните настапи.
Битолските сурф-панкери Molokai, кумановското дуо СИЗ и момците од Culture Development кои се дел од колективот"Направи Заедно",  исто така ќе ги видиме утре на сцената.

Билетот чини 200, односно 250 денари на денот на концертот.



Преслушај/преземи ја "Забранета Планета" ТУКА ! 

недела, 24 февруари 2013

"Queen Of Thieves" - првиот видео запис на Furion

"Thrashing Folks" e деби-албумот на Furion, кој во петокот, на 22 февруари ја дочека својата промоција во МКЦ (бифето на "Фросина"), заедно со првиот видео запис за песната "Queen Of Thieves".
Видеото е снимено во marryPHAT студио, во режија на Ирина Николовска и Стефан Палитов, а за продукцијата се погрижија Симон Кипровски и Богдан Јончевски. Во изработката е вклучен и Иво Павловски, додека пак камерата е на Кристијан Теодоров.Анимацијата е дело на Иво Димитриевски, а целата приказна можете да ја погледнете овде :




понеделник, 11 февруари 2013

"Diehard" Winter Fest!

"Diehard Booking" годината ја започнува на 15 февруари, со организација на хардкор фестивал на кој ќе настапат Redound од Бугарија, The Bridge од Србија и Gears и Smut како домашна поддршка.
Redound се beat down бенд од Софија коj до 2008 постоеше под името Envy. Зад себе имаат 2 албума и еден ЦД сплит.The Bridge се hardcore punk бенд од Белград,кој е оформен  од челнови на  Hitman,Deadrise,Jain и Empty во Јануари 2012. Тие доѓаат да го промовираат своето прво 7 инчно издание наречено No Spirits,No Hearts. Gears се млади момци од Скопје кои го преферираат металкор звукот и моментално работат на својот прв студиски албум.По промоцијата  во октомври Smut ќе ги видиме повторно-овој пат со нов член ќе ја одбележат 17-годишнината од своето постоење.

сабота, 2 февруари 2013

"Hardfaced" со прв, официјален видео запис


Вчера на полскиот веб-магазин за независна музика, Idioteq, хардкор/метал групата Hardfaced го промовираше својот прв официјален видео запис за песната „Running Your Own Shadows“. Во овој спот се прикажани најинтересните моменти од нивната балканска турнеја која се случи во oктомври 2012 година. Околу изработката на видеото се погрижија Пеце Настевски и Горан Велјаноски.


За време на 9-годишното постоење, охридскиот состав зад себе има 2 изданија„More Than Hate“[2007]  и  „Show Them What They Fear“[2011]. Нивниот трет албум е во подготовка и треба да биде презентиран во теков на годинава, додека пак желба на бендот е 10-годишнината од формирањето да ја прослави со европска турнеја.