Блог за македонска независна сцена! Вести, интервјуа, извештаи, рецензии, онака, од љубов!
НЕ толерираме и поддржуваме изведувачи со фашистичка,сексистичка,(нео)нацистичка и слични содржини!
сабота, 10 ноември 2012 г.
Steel Temple со промоција на DVD издание
Вечерва со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе можете да присуствувате на промоцијата на DVD изданието на Steel Temple, проследена со коктел-дружба во пријателска атмосфера. Материјалот е всушност снимка од последниот концерт на хеви-метал бандата, одржан на 2 јуни минатата година во летниот клуб "Хавана". Изданието содржи 14 песни со времетраење од 80 минути; аудио-миксот го направи Дарко Блуз, додека пак видео материјалот е едитиран од страна на Златко Стровјановски-Мендо (Demency). DVD-то нема да биде наменето за продажба, но ќе биде објавено на интернет веќе во недела, од каде што и ќе може да се превземе.
Нема коментари:
Објави коментар